fbpx

Заев: На 11 декември ќе има фер, регуларни и демократски избори

-

„Убеден сум дека на 11 декември, ќе има фер, регуларни и демократски избори. Јас, мојата партија и целата опозиција, како еден од важните фактори во Република Македонија, ќе сториме сè за изборите да бидат слободни и за граѓаните на регуларен, фер и демократски начин да ја изразат слободната волја и тие да ја проектираат иднината на Македонија“, изјави денеска во Кавадарци лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има избори на 11 декември, какви се неговите убедувања и дали Уставен суд ќе одлучува за СЈО.

– Впрочем, јас сум убеден дека промените ќе се случат во Македонија. Промените се здрави и тие се добредојдени и треба да се случат, но и дотогаш, а и потоа останува ние заедно да ја градиме оваа наша земја и да ги решаваме ваквите проблеми. Во тоа име, уште еднаш испраќам порака да не се дрзне под политички притисок кој било, а и Уставниот суд да го укинува Специјалното јавно обвинителство. Тоа е трошката надеж за враќање на правдата во Македонија. Ние не можеме да тврдиме дали е некој однапред виновен или не. Оваа институција е таа која е дел од правосудниот систем и остварува постапки кои завршуваат со обвинителни акти или со отфрлање на кривични пријави и индикации. Да се остави таа институција да работи заради тоа што тоа е начин да се врати правдата во Република Македонија. Знаејќи дека, еве, денеска сме 27, до 12 октомври работи Собранието, нема закажано седница на Уставниот суд каде што ќе се разгледува ваквата иницијатива, за мене тоа значи испратена порака од Уставниот суд дека тие немаат намера до изборите да ја разгледуваат иницијативата за уставноста на СЈО, што е добро решение поради тоа што ако има нешто неуставно од законот или нешто кое Уставниот суд треба да го разгледува, чесно е тоа да се случи веднаш по изборите, заради тоа што удар врз Специјалното јавно обвинителство е сериозно застрашување за сите во Македонија, граѓаните ќе реагираат и верувам дека никој тоа не може да го контролира – рече Заев.

Прашан како го коментира боењето на судот од страна на „Шарената револуција“, Заев рече дека независните институции треба да бидат оставени независни. Сепак, тој истакна дека македонското правосудство е целосно поклопено од извршната власт.

– Јас верувам, гневот и револтот што постојат кај граѓаните се причината да се фрлаат бои или да се напаѓа некоја институција која е сопственост на сите граѓани на Република Македонија. Сакале некои граѓани да дадат до знаење дека не е во ред од сите овие предмети на СЈО, да има само еден домашен притвор којшто е укинат, а сите предмети што власта или државното јавно обвинителство ги проследуваат… некои споменуваат бројка од 711, имаме 707 притвори, тоа е повеќе од 99 отсто. Само по себе тоа предизвикува гнев кај граѓаните и верувам дека само тоа се причините да се фрла боја врз Основниот суд Скопје 1 – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...