Лидерот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до новиот претседател на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, во која, меѓу другото ги поздравува неговите заложби, искажани по изборот, за „слобода и демократија во една обединета Европа, како важен импулс на охрабрување за земјите-кандидатки за членство во Европската Унија, како што е Република Македонија“.
„Германија има важна улога за развојот, стабилноста и безбедноста на целиот балкански регион. Граѓаните на Македонија силно го почитуваат вашиот личен придонес и придонесот на СР Германија за обнова на демократските процеси во Македонија како и поддршката на евро-атлантските перспективи на нашата држава. Како добар пријател на Македонија и како претседател на земјата-пријател на Македонија, СР Германија, очекувам дека во таа насока ќе ја продолжиме и ќе ја развиваме нашата соработка“, стои во честитката на Заев до Штајнмаер.