fbpx

Заев: Можевме во МРТ да ја смениме целата гарнитура, но ќе ги почекаме реформите

-

„Можевме во МРТ политички да ја промениме целата гарнитура, како што бил трендот и претходно, но во време кога зборуваме за реформи, меѓу кои едни од најзначајните се медиумските реформи, тоа треба да се случи со реформите. Заев не треба да поставува директор таму или, пак, СДСМ, ниту пак уредници“, рече премиерот Зоран Заев синоќа во емисијата „Отворено“ на „Телевизија 24“, прашан зошто доцнат реформите во МРТ.

Тој вели дека реформите треба да доведат до тоа експертите да го постават и менаџерскиот и уредничкиот тим на националниот радиодифузер.

– Со реформите ќе си дојде и начинот на експертското поставување и на менаџерскиот тим и на уредничкиот тим и слично – појасни премиерот.

Прашан кога може да се очекуваат првите чекори, тој рече оти верува дека тоа би се случило до крајот на годината.

–  Законот е веќе во отворена дебата, во која учествуваат и синдикатите… Знам дека таа дебата мора да биде и доволно кратка и доволно долга за да биде транспарентна за сите укажувања. Знам дека веќе стигнале 17 укажувања за предлог-законот во АВМУ, кој е дел од целата таа реформа. Верувам дека до крајот на годината ќе има реализација на ваквите законски решенија – рече Заев.

Инаку, вчера Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика во медиумите на Македонија до Министерството за информатичко општество и администрација доставија забелешки за нацрт-законот за изменување и за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Новинарските организации сметаат дека еден процент од буџетот на државата треба да се одвои за финансирање на МРТ, затоа што сметаат дека МРТ е недоволно опремена, нема дописничка мрежа, вработените имаат ниски плати, а потребен е нов искусен и квалитетен новинарски и друг креативен персонал.

Буџетот на државата за оваа, 2017 година, изнесува околу 3 милијарди евра, што значи дека за јавниот радиодифузен сервис, ако помине овој предлог, годишно би се издвојувале 30 милиони евра.

 

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...