fbpx

Заев – Мицкоски: Потребно е учество на опозицијата во реформите

-

Премиерот Зоран Заев, попладнево во Владата се сретна со Христијан Мицкоски, новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти владината прес-служба.

„Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници. Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси“, стои во соопштението.

Соговорниците исто така заеднички констатирале дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и оти за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата.

Мицкоски по средбата не сакаше да открие детали. Тој рече дека разговарале за актуелни теми и оти очекува и во иднина да има вакви конструктивни средби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...