fbpx

Заев – Мета: Македонија и Албанија се земји со слични предизвици

-

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претседателот на Албанија, Илир Мета, со кој разговарал за Коридорот 8 и за реализација на проекти од областа на патната и на железничката инфраструктура, како и за соработка во културата, образованието, спортот и во туризмот.

Заев истакнал дека средбата ги реафирмирала принципите на добрососедство, заемно почитување и на реципроцитет и дека заедничката владина седница меѓу Албанија и Македонија во декември во Подградец ги потврдува пријателските односи на двете земји, информираат од владината прес-служба.

Заев и Мета заклучиле дека двете земји се соочуваат со слични предизвици и дека имаат меѓусебна соработка.

Македонскиот премиер ја нагласил потребата од соработка меѓу двете земји за што поскоро интегрирање на земјава во Европската Унија, а Мета изразил поддршка за македонските евроатлански интеграции, со надеж за успех во решавањето на сите отворени прашања.

„Мета ги подвлече заложбите на Република Албанија за почитување на културата и на идентитетот на малцинските заедници во Албанија. Премиерот Заев нагласи дека очекува припадниците на македонското национално малцинство да ги имаат истите колективни права, еднакво на целата територија на Албанија“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...