fbpx

Заев: Македонија ќе биде дел од големото европско семејство

-

Градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Народно ослободителната-антифашистичка борба на Македонија во Струмица.

– Треба темелно да си го исчистиме сопствениот двор од нештата што сериозно ни ги разнишуваат темелите на државата и на државноста за да ѝ покажеме на Европа дека Македонија се враќа на вистинскиот пат за влез во големото европско семејство. Разврската на нашата политичка криза и враќањето на демократските вредности, правдата, слободата и на човековите права, треба и мора да останат наш императив, без никакви алтернативи. Само така ќе ѝ покажеме на Европа дека Македонија се враќа на вистинскиот пат, на патот по кој порано сигурно чекоревме. Ако Македонија секогаш била на вистинската страна, тогаш нека биде и понатаму на страната на прогресивна Европа, во која ќе нема место за промоција на нов фашизам и за создавање можности за нови крвопролевања. Да продолжиме да го сонуваме нашиот заеднички сон, а јавето нека биде наша заедничка цел – рече Заев.

Заев им оддаде почит и на загинатите припадници на МВР во настаните пред една година во кумановско Диво Насеље.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...