fbpx

Заев – Лисјен: Очекувам од Иванов наскоро да ми го додели мандатот за влада

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со новата амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Лин Лисјен. На средбата, како што соопштуваат од партијата, Заев ја информирал амбасадорката за актуелните политички настани во земјава и за очекувањето претседателот Ѓорге Иванов наскоро да му го додели мандатот за состав на новата влада.

– Идната влада на Македонија ќе биде реформска. Подготвени сме да ги спроведеме сите неопходни реформи поврзани со економски напредок на граѓаните и на државата, како и за обезбедување независни институции, целосно независно судство, независни медиуми. Квалитетен живот за сите граѓани и отворање перспективи за напредок и развој на Македонија се нашите цели – истакнал Заев на средбата со кинеската амбасадорка.

На средбата била поздравена традиционално добрата соработка помеѓу Македонија и Кина и биле потврдени определбите и од страна на амбасадорката на Кина и од страна на Заев за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...