fbpx

Заев: Лани со Ципрас во Давос ја отворивме иднината, денес привлекуваме инвестиции

-

Пред точно една година, овде во Давос, со премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас, за првпат направивме средба и ја отворивме иднината за нашата земја, изјави премиерот Зоран Заев после завршување на првиот работен ден во Давос.

„Овде, оваа година ги отвораме економските врати за перспективната иднина на нашата земја. Јас верувам дека оваа можност која ни се дава како покана по втор пат да бидеме овде присутни, овде во Давос, потврдува дека Македонија е дел од глобалниот демократски свет и дел од сите планови на економиите коишто светот ги развива и ги планира во периодот којшто доаѓа пред нас. Зборуваме на состаноци и со „Гугл“, и со „Циско“, и со „Филипс“, и со „Сан Груп“ од Индија, и со многу други компании од автомобилската индустрија, од техничките индустрии, кои што имаат интерес во целиот овој наш регион, па и во нашата земја“, рече Заев и додаде дека се сретнале со претставници на компании од Западна Европа, од Југоисточна Европа, но и од Блискиот Исток.

Тој се надева на средби дури и со компании од Кина, Кореја, Јапонија, и од Америка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...