fbpx

Заев ќе биде покровител на конференцијата на децата бегалци од Егејска Македонија

-

Премиерот Зоран Заев денеска ја прифатил поканата на Сојузот на здруженијата на Македонци од Егејска Македонија да биде покровител на петтата конференција на децата бегалци од Егејска Македонија, која е планирано да се одржи од 19 до 21 јули следната година во Скопје, соопшти секторот за односи со јавноста на Владата.

Заев, заедно со министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска се сретнал со претставниците на Сојузот, како и со претставници на Здружението „Незаборав“ од Струмица.

Претставниците на здруженијата, стои во соопштението, го поздравиле потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија и позитивниот чекор во градењето пријателски односи со соседите и искажале поддршка за напорите да се подобрат односите и со Грција.

Од Сојузот на задруженијата на Македонци во Егејска Македонија побарале помош од премиерот за решавање на нивниот проблем со простории за работа, откако претходно биле насилно исфрлени од просториите во кои престојувале и дејствувале.

„Претседателот на Владата, Зоран Заев, порача дека проблемот ќе биде решен, затоа што определба на Владата е да им помага на сите свои граѓани“, стои во соопштението за средбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...