fbpx

Заев – Кара: Владата ќе ги унапредува односите со сите држави, особено со пријателските

-

Премиерот Зоран Заев денеска имал средба со амбасадорката на Турција во Македонија, Еркал Кара, на која било поздравено пријателството меѓу две земји и била изразена подготвеност за унапредување на соработката базирана на демократски принципи, на економски план, како и во сите области од интерес на граѓаните.

„Примарна цел на Владата е да ги унапредува односите со сите држави, особено со земјите пријатели на Република Македонија. Граѓаните на Македонија очекуваат европски перспективи и Владата што ја предводам е подготвена да ги земе предвид сите позитивни искуства на патот кон интеграциите“, истакнал премиерот Заев, се вели во соопштението за средбата.

На неа, Заев и турската амбасадорка зборувале и за можноста за надминување на постоечките административни бариери со кои се соочуваат инвеститорите во Македонија, како и за интересот на турски инвеститори за вложувања во Македонија. Истовремено Кара ја реафирмирала поддршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...