fbpx

Заев: Каевски не е должен да чита сѐ, тој е добар директор со добри резултати

-

За скандалот со објавената збирка поезија од Агенцијата за млади и спорт, директорот на оваа институција Дарко Каевски денеска ќе има средба со премиерот, Зоран Заев.

Каевски вчера се извини како покровител и потпишувач на проект за млади поети, рече Заев.

– Тој навистина не е должен да чита сѐ што има во материјалот, ниту, пак, е должен да го провери целиот материјал. Јас како градоначалник имам помагано финансирање на книги, и како комерцијален директор имам помагано во објавување книги. Не сум ги читал сите тие книги и детали и од таа причина не сум човек кој веднаш разрешува луѓе или слично- изјави Заев.

Според него, директорот на Агенцијата за млади и спорт е добар кадар, кој покажал добри резултати и добро ја води самата институција.

– Денеска ќе имам состанок, сакам да ги видам сите детали и од тој аспект заедно ќе донесеме одлука за оваа работа, но споделувам тоа што во моментов го чувствувам – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...