fbpx

Заев: Јас ќе бидам постојано на протест, освен кога ќе бидам на преговори

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска информираше дека владејачката партија веќе поставила приклучок за својот митинг на истата локација каде што утре ќе се одржи масовен граѓански собир.

– Значи, тие планираат да дојдат на истата локација иако знаат дека ние ќе бидеме таму. Јас ќе бидам постојано таму, освен во периодот кога ќе бидам на преговори. Но, апелирам до премиерот Груевски да се откаже од протестот в понеделник – рече Заев, одговарајќи на новинарско прашење на денешната прес-конференција, на која ја објави 33. „бомба“.

Денеска од општинската организација на СДСМ во Центар испратија повик до сите граѓани, без оглед на партиска, верска и етничка припадност, утре да излезат на, како што велат, најголемиот сенароден, натпартиски и граѓански протест.

„Граѓаните од општина Центар ќе се собираат на три локации и заедно ќе се упатат кон зборното место. Жителите од Водно, Капиштец, Буњаковец и од урбаната заедница Јасмин, во 12.30 часот ќе се собираат на паркиралиштето кај Цветниот пазар. Жителите од Дебар-маало, Парк и од Кале во 12.30 часот ќе се собираат пред Соборниот храм. Жителите од Градски ѕид, Пролет, Маџир-маало и граѓаните од строгиот Центар, во 12.30 часот ќе се собираат пред Олимписки базен“, пишува во соопштението.

Од општинската организација на СДСМ Центар, апелираат до граѓаните да не потпаѓаат под провокации, туку најмногу што можат да придонесат за мирен и достоинствен протест.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...