fbpx

Заев: Избори на 24 април нема да има зашто дотогаш не може да се подготват

-

Ниту Заев, Груевски, Тачи или Ахмети, па ниту Хан не можат да кажат до кога може да се прочисти избирачкиот список. Такво нешто може да каже само Државната изборна комисија – рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција.

Заев тврди дека на 24 април нема да се одржат избори затоа што не може да се стигне законскиот рок за прочистување на избирачкиот список. Како што вели тој, неопходи се 85 до 90 дена за прочистување на списокот.

Тој додаде дека во избирачкиот список треба да се направи споредба на стари со нови податоци, да се споредат десет бази со избирачкиот список, да се направи теренска проверка и да се избришат тие што не треба да бидат на списокот. Исто така, Заев рече дека треба да се разделат граѓаните што гласаат во Македонија од тие што гласаат во конзуларно-дипломатските претставнишштва.

– Ако прoчистувањето на избирачкиот список заврши на 15 април, избори треба да има на 5 јуни. Ако заврши на 15 мај, изборите ќе бидат на 5 јули. Преговорите за медиумите и за избирачкиот список одат толку слабо, затоа што тука власта е слаба. Многу срамни моменти за власта ќе излезат со прочистувањето на избирачкиот список – додаде тој.

За Македонија да тргне напред, рече Заев, потребни се слободни, фер, кристално чисти демократски избори. На 24 април такви избори, според него, не може да има.

– СДСМ, коалициските партнери и многу други партии нема да учествуваат на еднострано закажаните избори. Договорот од Пржино беше склучен за да се надмине политичката криза, а не за да се продлабочи. Сега секој граѓанин на Македонија лично се увери дека Груевски не сака слободни, фер и демократски избори, затоа што знае дека ќе ги изгуби – рече Заев.

Тој додаде декка СДСМ и коалициските партнери од оваа борба нема да отстапат, затоа што без прочистен избирачки список и без слободни медиуми ќе нема демократски избори.

– Стабилна Република Македонија знаат веќе и малите деца дека може да се случи само со СДСМ и промена на оваа власт која што мора да замине во заборав. Инкриминирана до тој степен власт не може да гарантира никому стабилност дури и на нивните членови од ВМРО-ДПМНЕ, а не на добро упатената меѓународна заедница. Така да апсолутно сето она што Македонија треба во рамките на своите капацитети, на своите можности во координација со ЕУ да го постигне грижејки се секако за фактот на солидарност на сите овие бегалци коишто се појавуваат овде, коишто транзитираат низ Република Македонија и да бидам уште поконкретен секое семејство во Македонија, да прими по 10 бегалци не е решеније за кризата, а не да отвараат кампови или слично во Република Македонија. Овие луѓе освен ако гледаат „Сител“ телевизија, може да останат во Македонија, овие луѓе транзитираат низ Македонија – рече лидерот на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...