fbpx

Заев: Има три варијанти за продолжување на мандатот на СЈО

-

Ќе направам сè што е во моја надлежност за рокот за поднесување обвиненија на СЈО да се продолжи, изјави премиерот Зоран Заев, по излегувањето од Специјалното јавно обвинителство, каде во својство на сведок и оштетен даваше исказ за случајот „Таргет“. Тој наведе три можности за решавање на ова прашање. Едната, како што рече, е преку измени на Законот за СЈО во Собрание со двотретинско мнозинство, другата е преку Уставниот суд и последната е СЈО да биде инкорпорирано како посебно одделение во редовното Јавно обвинителство.

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот рече дека на денешната владина седница не станало збор за разрешувањето на актуелните директори на УБК и на БЈБ и за именување нови. Од кадровските прашања, денеска на дневен ред било само именувањето на Магдалена Несторовска за нов државен секретар во МВР и биле констатирани оставките на државните секретари во другите министерства, кои засега се испразнети и треба да бидат пополнети со нови, на предлог на ресорните министри.

Во однос на шпекулациите дека Зоран Верушевски би можел да биде нов директор на УБК, Заев рече дека тој ги исполнува сите критериуми, но тој би претпочитал за таа позиција да се бара друго решение, односно кандидат кој би дошол однатре, имајќи ги превид, како што рече, сериозните реформи што треба да бидат спроведени во Управата за безбедност и за контраразузнавање.

Што се однесува на постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, премиерот истакна дека штом е готово мислењето на Советот на јавни обвинители и доколку Владата нема повеќе обврски во рамки на процедурата, таа е подготвена да го испрати предлогот во Собранието.

– Штом биде разрешен актуелниот јавен обвинител, Владата веднаш ќе иницира постапка до Собранието за назначување на нов јавен обвинител – рече Заев, додавајќи дека негов личен став е новиот јавен обвинител да биде експерт, кој ќе ја има довербата, пред сè, кај граѓаните.

Заев денеска во СЈО дал исказ во својство на сведок и на оштетен во случајот „Таргет“ и, како што рече, останува на располагање и понатаму да даде придонес за конечно да биде расветлен скандалот со незаконското прислушување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...