fbpx

Заев и владина делегација денеска во Берлин на средби со Меркел, Штајнмаер и Габриел

-

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска престојуваат во официјална посета на Сојузна Република Германија.

Владината делегација во Берлин ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел, по што двајцата лидери ќе имаат заедничка прес-конференција на која ќе ги презентираат најважните прашања од нивните разговори од интерес на двете земји, информираат од владината прес-служба.

Заев ќе има средба и со германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер и со Фолкер Трир заменик претседателот на Унијата на германски комори за индустрија и трговија.

Премиерот во седиштето на Фондацијата „Фридрих Еберт“ ќе има обраќање на тема „Од предизвици до перспективи: демократски реформи и евро-атлантска интеграција на РМ“ а во дискусијата ќе се вклучат државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на СР Германија Михаил Рот и претседателот на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин, Курт Бек.

Владината делегација ќе присуствува на вечера ко-организирана од „Аспен“ институтот во Германија, на која ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на СР Германија, Зигмар Габриел, и пратеници од германскиот Бундестаг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...