fbpx

Заев и Верушевски пристигнаа во СЈО, но не дадоа изјава за новинарите

-

Премиерот Зоран Заев и поранешниот директор на Управата за безбедност и за контраразузнавање, Зоран Верушевски, попладнево во 14.30 пристигнаа во Специјалното јавно обвинителство, каде треба да дадат исказ за случајот „Таргет“.

Верушевски пристигна во придружба на адвокатот Филип Медарски. Тој и Заев не дадоа изјави за новинарите пред да влезат во СЈО.

Случајот „Таргет“ се однесува на незаконското следење на комуникациите, односно на тоа кој прислушувал, по чија наредба и колку луѓе биле опфатени од незаконското прислушување.

СЈО минатата година во ноември го презентираше случајот „Тергет“, при што откри дека вкупно 5.817 телефонски броеви незаконски биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање преку нејзините системи за следење на комуникации, и тоа во период од 2008 година до 2015 година.

За десет поранешни и сегашни вработени во УБК, кои се наоѓале на раководни позиции или биле дел од пониски ешалони, постои основно сомневање дека ја искористувале службената положба и незаконски прислушувале.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...