fbpx

Заев и Ципрас ќе се сретнат на Минхенската безбедносна конференција

-

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас ќе имаат средба на маргините на Минхенската безбедносна конференција што ќе се одржува од 15 до 17 февруари, објави грчки Катимерини.

Заев и Ципрас, како признание за нивните напори за решавање на долгогодишниот спор, во Минхен ќе ја добијат престижната награда Ewald von Kleist, која се доделува како признание за мир и решавање на конфликти.

Претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер неодамна на неговиот официјален „Твитер“ профил, по ратификувањето на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, напиша дека двајцата премиери ќе бидат поканети на 16 февруари во Минхен да ја примат престижната награда за време на 55-та конференција.

Портпаролот на Минхенската безбедносна конференција потврди дека и Заев и Ципрас ја прифатиле поканата.

На конференцијата во Германија, која традиционално се одржува во втората половина од февруари, најавено е присуството на Ангела Меркел, Мајк Пенс, Јенс Столтенберг и Федерика Могерини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...