fbpx

Заев и Трамп се ракувале во седиштето на Обединетите нации

-

Премиерот Зоран Заев денеска во седиштето на Обединетите нации во Њујорк се сретнал и се ракувал со американскиот претседател Доналд Трамп.

Заев на својата фејсбук-страница тој сподели фотографија од ракувањето со претседателот на САД, Трамп, и напиша дека тој дал поддршка за иницијативата на Трамп преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Во Њујорк сум за Генералното собрание на ОН. На средбата со претседателот Доналд Трамп предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен почеток на реформите на организацијата на ОН“, напиша Заев.

Премиерот Заев, кој од вчера е во Њујорк, до 23 септември ќе постојува на 72. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН).

Премиерот, според агендата, ќе има работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и други билатерални средби, меѓу кои и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, со премиерите на Норвешка и на Малта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...