fbpx

Заев и Шчербак разговараа за можностите за соработка со Русија на демократска основа

-

Премиерот Зоран Заев попладнево со рускиот амбасадор Олег Шчербак разговараше за приоритетите на новата Влада, како и за можностите за соработка со Русија на демократска основа и во областите значајни за граѓаните за двете земји.

– Приоритет за Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО. За таа цел насочени сме кон брз и квалитетен реформски процес – рече Заев и нагласи дека Македонија е определена да ги зајакне односите со државите пријатели на земјата во духот на демократските вредности.

На средбата, како што соопштуваат од кабинетот на премиерот, заеднички било констатирано дека постојат услови да се унапреди економската соработка меѓу двете држави.

– Развојот на соработката во областа на економијата, трговијата, културата, образованието може да донесе добро за граѓаните на двете земји – рече премиерот Заев.

Амбасадорот Шчербак му врачи на премиерот Заев честитка од премиерот Дмитриј Медведев, за неговото именување за претседател на новата Влада на Македонија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...