fbpx

Заев и Рама од Поградец прогласија ново поглавје во соработката на двете држави

-

Заедничката седница на владите на Македонија и Албанија во Поградец отвора ново поглавје во билатералните односи на двете земји и значи работење на решенија што водат до спокојна и безбедна иднина на нашите граѓани и нашите земји, а не на нивно одложување, порача македонскиот премиер Зоран Заев попладнево во пограничниот албански град, пренесува службата за информирање.

Според Заев, владите на Македонија и на Албанија испраќаат силна порака во регионот, дека двете држави имаат одговорни политички раководства коишто работат искрено и отворено, со цел да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во двете земји и за добра и безбедна иднина на двете држави во евро-атлантското семејство.

– Албанците во Македонија и Македонците во Албанија навистина се мост за градење поблиски врски и соработка и тоа треба да го имаме секогаш предвид – порача македонскиот премиер.

Pogradec makedonska vlada pred zaednichka sednica so albanskata 15dek17 - Vlada na RM

Тој посочил дека за Македонија ЕУ и НАТО не се само политички интерес, туку и можност за економски развој на државата и финансиска стабилизација на граѓаните. Заев и во Поградец ја искажал увереноста дека Македонија следната година ќе почне преговори за членство во ЕУ.

– Со право очекуваме дека идната 2018 заедно ќе започнеме преговори за членство во ЕУ, како Македонија така и Албанија – рекол премиерот Заев, заблагодарувајќи се на Албанија за поддршката.

Албанскиот премиер Еди Рама го поздравил придонесот на Заев во изградбата на Македонија во едно општество за сите, функционални институции и социјална кохезија, а најавил засилена соработка во инфраструктурата, патниот и железничкиот сообраќај, меѓугранични и царински олеснувања и вложувања во енергетиката.

По меѓувладината седница потпишана е заедничка Декларација за поголема заедничка соработка, а премиерите потпишале и Меморандум за разбирање, за превенција и сузбивање насилен екстремизам и радикализација којашто води кон тероризам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...