fbpx

Заев и Рама ќе ги посетат Пустец и Мала Преспа

-

Премиерот Зоран Заев и неговиот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе ги посетат Македонците кои живеат во Мала Преспа и Пустец, а ќе имаат средба претставниците на локалната самоуправа и ќе донираат опрема за учениците.

Владите на Република Македонија и на Република Албанија вчера во албанскиот град Поградец ја одржаа својата прва заедничка седница, на која се расправаше за унапредување на билатералната соработка.

Двајцата премиери, на заедничката прес-конференција порачаа дека очекуваат Македонија и Албанија во 2018 година да ги почнат преговорите за членство во Европската Унија, односно да го искористат моментот на позитивна клима во регионот за унапредување на процесот.

Следната меѓувладина седница ќе се одржи следната година во Охрид и во Струга.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...