fbpx

Заев и Поповска: Без фер и демократски избори, нема излез од политичката криза

-

Зоран Заев и Лилјана Поповска, лидери на СДСМ и на ДОМ, денеска ја потпишаа платформата за демократска Македонија. Заев рече дека борејќи се за регуларни, фер и демократски избори, испраќаат заедничка порака дека ова е првиот чекор кон нормализација на државата.

„Начелата како враќање на правдата, правната држава, професионализација на полицијата, департизација и деполитизација на институциите, вредностите од аспект на еднаквоста и на рамноправноста на граѓаните, се сериозни пораки зад кои сите застануваме и се здружуваме. Во тоа име, поради овој документ кој е сè повеќе поддржан, испраќам порака кон сите наши граѓани за ненасилство, за мирен протест доколку одлучиле да протестираат“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ рече дека денеска ќе се приклучи на протестите како граѓанин, но апелира на мирни протести и на јасни пораки.

Поповска рече дека нејзината партија е убедена дека без фер и демократски избори нема излез од политичката криза.

„За нас е особено важно во сите овие настапи на демократските сили да се настапува принципиелно, одмерено, умерено и да се учествува на мирен начин на протестите“, рече Поповска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...