fbpx

Заев и Пломп разговараа за изборниот процес

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп.

Тема на состанокот беше неопходноста од регуларен предизборен и изборен процес, како и програмата на СДСМ, која содржи мерки за надминување на економско-социјалните проблеми во Македонија.

„Европската Унија бара да види добар и фер натпревар на изборите во декември е пораката што ја пренесе холандскиот дипломат. Само со демократски развој Македонија може да ја заслужи поддршката од ЕУ, е јасната порака. Претседателот Заев соопшти дека сите активности на СДСМ се насочени кон организирање и спроведување фер и регуларни избори“, стои во соопштението од партијата.

– Одиме чекор понатаму бидејќи сме уверени дека на таквите избори СДСМ ќе ја добие довербата од граѓаните да ја води државата. Во таа насока партијата се отвори за соработка со сите поединци интелектуалци, граѓански организации, политички партии. Паралелно на теренот активно веќе подолг период се реализираат интензивни средби со граѓаните, на кои се зборува за конкретните мерки со кои ќе им се обезбеди економска и социјална стабилност на граѓаните и на семејствата. СДСМ планира по престојниот партиски конгрес да се обврзе и на точни рокови за реализација на препораките на Прибе, за да се одблокираат и евроинтеграциите и земјата конечно да тргне напред – соопштил претседателот Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...