fbpx

Заев и Харадинај ќе разговараат за меѓународната истрага за „Диво Насеље“

-

Најавената меѓународна истрага за целосно расчистување на настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и 10 мај 2015 година, не била тема на денешната официјална средба меѓу министрите за внатрешни работи на Македонија и на Косово, Оливер Спасовски и Фламур Сефај во Скопје.

Ова, одговарајќи на новинарско прашање, го соопшти косовскиот министер за внатрешни работи и додаде дека за ова прашање ќе разговараат премиерите на двете држави, Зоран Заев и Рамуш Харадинај.

– Ние денеска сме овде за други теми. За ова прашање ќе разговараат премиерите на двете држави – рече Сефај, одговарајќи на прашањето дали Косово ќе преземе нешто во врска со истрагата за кумановските настани пред две години.

Спасовски во врска со ова рече дека тие го кажале својот став претходно и дека немаат што повеќе да додадат.

Владата и претставници на меѓународната заедница бараат начин за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во Диво Насеље, изјави премиерот Заев на почетокот на ноември.

Судскиот процес за случајот „Диво Насеље“ заврши на 2 ноември годинава, кога Кривичниот суд изрече осудителни пресуди за 34 обвинети за тероризам и за терористичка организација, од кои осуммина добија доживотни, 26 лица добија долгогодишни затворски казни – од 12 до 40 години, а четири лица беа ослободни од обвиненијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...