fbpx

Заев и Хан денеска ќе имаат работен ручек и заедничка прес-конференција

-

Премиерот Зоран Заев денеска ќе има работен ручек со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан.

Заев и Хан ќе се сретнат во Клубот на пратеници и по работната средба ќе одржат заедничка прес-конференција во 14.30 часот.

Хан е во дводневна посета на Македонија, на средба со политичките лидери и со претставници на граѓанското општество. Засега нема информации дали еврокомесарот ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов.

Главна тема на средбите ќе биде спроведувањето на реформските приоритети и имплементацијата на планот „3-6-9“.

Тој посетата ја најави минатата недела, по средбата со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во Брисел.

„Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје следната недела, со политички состаноци и средби со граѓанското општество“, напиша Хан на „Твитер“.

По средбата со Хан, Заев ќе замине на дводневна работна посета во Србија, каде што ќе има средби со српската премиерка Ана Брнабиќ и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...