fbpx

Заев и Бошкоски ја потпишаа „Платформата за демократска Македонија“

-

Лидерите на СДСМ и на Обединети за Македонија, Зоран Заев и Љубе Бошкоски, денеска на заедничка средба ја потпишале „Платформата за демократска Македонија“ и договориле соработка меѓу двете партии, соопштија попладнево од СДСМ.

На средбата, Заев и Бошкоски разговарале за „соработката во рамките на широкиот демократски фронт“ и за надминувањето на политичката криза преку одржување на фер и веродостојни избори во Македонија со исполнување на сите услови.

Заев, на средбата, го изразил „своето задоволство што повторно го гледа Бошкоски на слобода“ и напоменал дека политички монтираните случаи мора да престанат.

„Вистината секогаш победува. Тоа треба да му е јасно секому. Заедно со граѓаните им ставаме крај на политички монтираните случаи, реализирани преку партизираното судство. Оваа борба за правда и за правичност е искрена и таа ќе даде резултат. Во Македонија ќе се вратат правдата, слободата и демократијата“, рекол Заев.

Бошкоски, пак, од името на Обединети за Македонија, дал целосна поддршка на клучните чекори што мора да се исполнат, односно Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство, да прекине прогонот на демонстрантите и да се обезбеди целосно владеење на правото.

Бошкоски на 3 јуни оваа година беше пуштен на слобода од затворот „Идризово“ откако ја отслужи петгодишната затворска казна за случајот „Кампања“. Тој беше осуден за незаконско финансирање на изборната кампања на партијата пред парламентарните избори во 2011 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...