fbpx

Заев и амбасадорот Орјан договорија продлабочување на односите меѓу Македонија и Израел

-

Премиерот Зоран Заев утрово се сретна со израелскиот амбасадор Дан Орјан, кој му врачи честитка од име на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за неговиот избор за претседател на Владата на Република Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на премиерот, на средбата била изразена поддршка за промените во Македонија, а израелскиот амбасадор најавил интерес на израелски компании за инвестирање во Македонија, кои чекале политичка стабилизација во земјата.

– Ќе ја продолжиме и ќе ја засилиме добрата соработка со Израел, на сите полиња, што може да придонесе за квалитетен живот на граѓаните на Македонија. Новата влада е силно ориентирана кон економски развој на државата, а инвестициите се важни за отворањето нови работни места. Владата посветено работи на обезбедувањето услови за работа на компаниите со што се отвораат можности и за достоинствена егзистенција за работниците и за граѓаните на Македонија – рече Заев.

На средбата е поздравена добрата соработка помеѓу двете држави и договорено е продлабочување на односите меѓу двете земји и преку средби и посети на високо владино и државно ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...