fbpx

Заев и Ахмети не се договорија за заеднички кандидат, се договорија дека може да го имаат

-

Сега немаме договор за заеднички, консензуален претседателски кандидат, но заклучивме дека има основа да излеземе со таков кандидат. Тоа по партиските консултации неделава повторно ќе биде предмет на разговор, откако ќе поминат партиските консултации, порача премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

На средбата на врвот на двете партии – коалициски партнери во Владата, се зборувало за повеќе можни имиња за заеднички претседателски кандидати, но Заев не сакаше да наведе ниту едно до тие имиња.

-Заклучивме дека е важно, заради иднината на државата, заради концептот „Едно општество за сите“, заради можноста повторно да се испрати пораката на единство меѓу граѓаните, да посветиме внимание на изнаоѓање на можност за застанување зад заеднички кандидат. Ние лидерите тоа го посакуваме, но секако нашите органи и тела ќе го кажат тоа. Ќе отвориме постапка во партиите, да видиме дали и таму постои тој амбиент. Секако, ова е вредна шанса, можеби ќе успее, можеби нема да успее, но шансата како шанса треба да ја имаме, затоа што верувам дека, прво, ќе ги отклониме сите шпекулации пред втор круг, дали има тајни договори, кој што дава, кој што изгубил, кој примил – ако застанеме сите зад заедничко име за кандидат за претседател на државата – рече претседателот на СДСМ.

Прашан дали и самиот размислува да се кандидира, Заев рече дека засега останува во извршната власт, но јасно не ја исклучи можноста дека би можело и тој да биде кандидат..

– Знаете дека сум јас пред сè економист, сакам да се посветам на економијата и на реформите коишто претстојат, ова е важен процес за Република Северна Македонија, така што засега, сè до изборот на официјалниот кандидат, останувам да работам во извршната власт – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...