fbpx

Заев – Хан: Граѓаните ја заслужија препораката, Македонија е повторно на европскиот пат

-

Владата сега уште поенергично ќе ги води реформските процеси , изјави премиерот Зоран Заев утрово на заедничка прес конференција со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

– Подготвени сме за нов чекор напред. Чистата препорака е силен мотив за следната тешка, но достижна цел. Одлуката за добивање датум за преговори на Самитот во јуни е нашата следна цел. Цврсто сме определени да спроведеме суштински реформи. Ќе определиме нов план за реализација на реформите до крајот на 2018. Извештајот на Европската комисија ги вреднува сите наши почнати заложби што се одлика на една демократски ориентирана држава – изјави Заев кој им за заблагодари на сите граѓани, на граѓанскиот сектор и на сите политички партии за овој успех.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан рече дека е среќен што е во Скопје и им честиташе на Владата и опозицијата.

– Да уживаме во моментот и обврската да се продолжи она што беше започнато. Ова е пат кон ЕУ, и мислам дека е добар пат. Останува уште многу да се направи. Сега мора да се спроведат во практика законите. Не е доволно само да се сменат законите. И честитам на Владата и опозицијата бидејќи беа конструктивни за оваа национална цел. Граѓаните на Македонија ја заслужија оваа препорака. Земјата помина долг пат и покрај тешките околности и сте цврсто назад на европскиот пат – рече Хан кој лично му го предаде извештајот за напредокот на премиерот Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...