fbpx

Заев: Грција е втор најголем трговски партнер на Македонија, после Германија

-

Премиерот Зоран Заев, денеска во Гевгелија се сретна со стопанственици од Jугоисточниот регион на Македонија и од Грција и Бугарија, со кои разговараше за економските придобивки од членството на Македонија во ЕУ и НАТО и од воспоставеното пријателство со Грција преку постигнувањето на договорот во Преспа.

– Овој регион е многу важен бидејќи партиципира сериозно во вкупниот БДП, трговската размена, извозот, увозот којшто Македонија го има. Потенцијалот кој што го отвораме после успешниот референдум е уште поголем. Грција е втор најголем трговски партнер на Македонија, после Германија. Мене ми е многу драго што уште во најава на имплементацијата на Договорот веќе бројките покажуваат сериозно следење од страна на бизнис заедницата на трендот на раст на тоа пријателство и партнерство. Голем дел од фирми од Македонија и Грција се партнери, со мешовит капитал, пријателството отвора сериозни перспективи – рече Заев.

Вкупната трговија помеѓу Македонија и Грција во првите седум месеци се зголемила за 27,9 проценти, односно од 419 милиони евра на 489 милиони евра.

Амбасадорот на Грција во Македонија, Димитрис Јанакакис, кој исто така присуствуваше на средбата, изрази уверување дека заедничката соработка меѓу соседните земји Македонија и Грција уште повеќе ќе се интензивира откако ќе се реализира Договорот од Преспа.

Како проект, кој ќе обезбеди дополнителна работа за приватните компании, премиерот Заев го спомена договорот со Грција за гасификација на цел југоисточен регион, како и средствата за прекугранична соработка обезбедени од ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...