fbpx

Заев го уверил Заниер дека Владата ќе работи за целосна интеграција на сите граѓани

-

„Се определивме за концептот „едно општество за сите“, кој се покажа успешен затоа што сите граѓани сакаат да живеат квалитетно во родната земја. Ние се грижиме за практичните потреби на сите граѓани, во согласност со Уставот и така ќе продолжиме да работиме“, рекол премиерот Зоран Заев на денешната средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Ламберто Заниер, соопшти Владата.

На состанокот, во кој учествувала и министерката за образование и наука, Рената Дескоска, како што стои во владиното соопштение, Заниер изразил поддршка за Владата.

– Забележлива е порелаксирана атмосфера меѓу граѓаните во Македонија. Продолжете со политиките што обезбедуваат перспективи – рекол Заниер, нагласувајќи дека земјава се движи во добра насока.

Премиерот Заев рекол дека Република Македонија е определена и кон продлабочување на пријателствата и на соработката и во регионални рамки, оценувајќи дека во регионот постои позитивна клима што може да обезбеди чекор напред кон развој на сите држави и нивните граѓани.

– Да се посветиме конечно на економијата, затоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас – рекол премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...