fbpx

Заев ги информирал европратениците за процесот за уставни измени

-

Премиерот Зоран Заев, денеска се сретнал со пратениците од Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштајн.

Заев ги соопштил очекувањата околу гласањето на уставните амандмани, согласно Договорот од Преспа, во Парламентот, како и реформите што се прават во безбедносните служби, правосудството, јавната администрација, очекувањата за реализацијата на реформите за борбата против криминалот и корупцијата, како и во медиумската сфера.

-Очекуваме во втора половина на јануари да се изгласаат уставните измени. Низ инклузивност, преку амандманите, и опозицијата се вгради во овој процес, а од денеска се отвора и јавната дебата, по што Владата ќе го достави финалните решенија до Парламентот. Нашите очекувања се дека уставните амандмани ќе добијат широка политичка поддршка во Собранието, со што ќе се овозможи реализација на Договорот од Преспа. Паралелно работиме на реализацијата на реформите во клучните области, што очекуваме да ги заокружиме до март. Поканата за НАТО и можноста за почеток на преговорите со ЕУ е висока мотивација за институциите во реформскиот процес, којшто е потребен за ЕУ, но и за квалитетот на живот на граѓаните на Македонија“, изјавил Заев на средбата на која се разговарало и за други актуелни политички прашања во Македонија и во регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...