fbpx

Заев: Еве како Груевски ги мести изборите

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција објави прислушувани разговори за, како што рече, манипулација со изборниот процес.

– Денеска почнуваме да ги разобличуваме изборните манипулации што го прави Груевски со неколкумина послушници. Ќе чуете како Груевски ги краде и ги мести изборите. Ќе објавиме како се злоупотребени земјоделците, пензионерите, администрацијата… Ќе станете сведоци за нечовечките притисоци со закани за завршување на семејства во ендек – рече Заев.

Првите пет разговори, според Заев, се помеѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и премиерот Никола Груевски, а покажуваат како се местеле изборите.

На една од снимките се слуша како Јанкулоска со Мартин Протоѓер зборува за личните карти на луѓето донесени од Мала Преспа. Таа потврдува дека во еден стан од 50 квадратни метри има по 40 луѓе.

Во друг разговор од објавените аудиоснимки се слуша како Миле Јанакиески зборува со Кире Божиновски за адресите каде што има сместено по 50 луѓе, а Божиновски потврдува дека истите луѓе се вртат по повеќе станови.

Со своја соработничка, пак, на трета аудиоснимка, се слуша како Јанкулоска зборува за проверка на која адреса се тие лица. Јанкулоска инсистира да се заврши работата побрзо и да биде „чиста“. Се договараат за нови проверки, како и за тоа полицијата да ја врши проверката. Министерката вели дека во село каде има пет жители не може да има повеќе гласачи.

Груевски во разговорот со Јанакиевски, на следната снимка што ја објави Заев, зборува за тоа како завршиле изборите во Општина Центар. Груевски му вели на Јанакиески дека „да биле преспанците, ќе завршеле работа“.

Јанкулоска, пак, во друг разговор од снимка што ја објави Заев на денешната прес-конференција, кажува како „човечињата“ одат да гласаат. Таа вели дека се држат за рака и гласаат и додава дека во седум часот ќе прогласат победа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....