fbpx

Заев: Експертите се против промена на државните симболи, банкнотите и униформите

-

Банкнотите се употребуваат на територијата на целата држава и испишувањето на друг јазик на нив, покрај македонскиот, е спротивно на уставните одредби, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање, по презентацијата на програмата на партијата за новата влада.

Ова, како што рече Заев, бил ставот на уставните експерти што ги консултирала партијата. Истото важи за униформите на полицијата и на АРМ.

– Во полицијата и во армијата униформата е единствена на територијата на цела држава, па правење разлики на униформата исто така, не е во согласност со уставните одредби – рече Заев, додавајќи дека, сепак, тие „се подготвени за дебата“.

Прашан за изборот на Албанец за претседател на Собранието, лидерот на СДСМ изјави дека во досегашните разговори не се зборувало за кадровски решенија за владата и за собранието, но нагласи дека тој апсолутно нема никакви предрасуди за етничката припадност на претседателот на Собранието.

– Јас очекувам капацитет од луѓето, па така и од претседателот на Собранието. Очекувам Парламентот да биде конректив на извршната власт со претседател кој ќе знае да отвори дебата и да разговара со идната опозација кога ќе се носат одлуки во интерес на граѓаните – рече Заев.

Во врска со барањето за посебна резолуција за осуда на геноцидот, наведно во платформата на партиите на Албанците, Заев изјави дека тоа прашање не е составен дел од владината програма.

Околу свикувањето на Собранието, Заев, одговарајќи на новинарско прашање рече дека очекува следната недела да се има средба со партиите кои обезбедија потписи за парламентарното мнозинство и наскоро да има Собрание.

За промената на државните симболи, односно на знамето, грбот и химната, Заев рече дека е лично против нивна промена, но дека никој не може да спречи дебатата.

– Нека разговараат сите што имаат различно мислење, самата дебата ќе ги покаже причините и потребите. За сите работи што остануваат отворени ги повикувам експертите да се вклучат во дебата. Никој не сака да го крши Уставот. Чуму закон, ако потоа падне пред Уставниот суд – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...