fbpx

Заев две години е под постојани закани од атентат, вели Спасовски

-

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешниот брифинг со новинарите изјави дека премиерот, Зоран Заев, додека бил само лидер на СДСМ, но и сега, откако е претседател на Владата, е под постојани закани од атентат.

Заев добивал индиректни закани додека како лидер на СДСМ пред две години ги објавувал материјалите од незаконското прислушување, односно проектот „Вистината за Македонија“. Овие закани биле пријавени во МВР, по што на Заев му било доделено полициско обезбедување.

– Од 2015 година, Заев е под постојани закани за атентат. Службите преземаат сериозни мерки за обезбедување на премиерот, но и за сите други функционери – рече Спасовски.

Во тој контекст, вели Спасовски, Заев ја дал изјавата во интервјуто за црногорското радио „Антена М“, во кое вели дека бил предупреден од безбедносни аналитичари дека животот може да му биде загрозен.

– Некои аналитичари ми велат „Сега си ти на ред“. Ако нешто треба да се случи, нека се случи. Јас ја прифатив работата на премиер, на мојата земја ѝ треба лидер и подготвен сум да носам одлуки какви што очекуваат нашите граѓани, по секоја цена, па нека биде што биде – изјави премиерот Зоран Заев во интервјуто за црногорското радио „Антена М“.

Сепак, Спасовски денеска изјави дека во моментов нема никакви директни закани за атентат врз премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...