fbpx

Заев до Жбогар: СЈО има клучна улога во обезбедувањето на правдата

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретна со шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Во соопштението на СДСМ се наведува дека партискиот лидер на средбата со евроамбасадорот истакнал дека постои јасна согласност дека во декември мора да има регуларни избори и кризата во државата да заврши со избор на легитимна влада која ќе се посвети на потребните реформски процеси во интерес на граѓаните.

– Ние сме убедени дека на изборите во декември, кои мора да бидат фер и слободни, ќе се случат промени што ќе отворат пат за подобар живот на граѓаните и перспектива на Македонија – посочил Заев.

Тој соопштил дека СДСМ веќе активно ја разработува динамиката со која по изборите ќе следуваат економска стабилизација на граѓаните и на државата и демократски процеси за функционални институции, слободни медиумите, независно судство.

На средбата била нагласена поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство, кое, како што истакнал Заев, ја има клучната улога во обезбедувањето пат на правдата и правната држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...