This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Wed Apr 26 2:17:07 2017 / +0000 GMT

Заев до Ромео: Ќе продолжиме со чекорите за деблокирање на демократските процеси




Парламентарното мнозинство ќе продолжи со чекорите кон избор на нов претседател на Собранието и избор на новата влада, рекол лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео.

На средбата, како што соопштуваат од СДСМ, била констатирана потребата од деблокада на демократските процеси и била нагласена потребата од разумност за мирен трансфер на власта преку почитување на демократските принципи.

- Македонија мора да оди напред. Парламентарното мнозинство ќе ги продолжи чекорите кон избор на нов собраниски претседател и избор на новата реформска влада, според Уставот, деловникот и законите во Република Македонија - рекол Заев на средбата.

Заев и Ромео разговарале и за ризиците од пролонгирањето на деблокадата на демократските процес, а лидерот на СДСМ, во тој контекст, посочил дека покрај техничкото функционирање на министрите, од средината на мај и на градоначалниицте и на советниците во општините целосно ќе им престане мандатот.
Post date: 2017-04-21 13:34:56
Post date GMT: 2017-04-21 11:34:56
Post modified date: 2017-04-21 15:08:47
Post modified date GMT: 2017-04-21 13:08:47
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com