fbpx

Заев до Ромео: Ќе продолжиме со чекорите за деблокирање на демократските процеси

-

Парламентарното мнозинство ќе продолжи со чекорите кон избор на нов претседател на Собранието и избор на новата влада, рекол лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео.

На средбата, како што соопштуваат од СДСМ, била констатирана потребата од деблокада на демократските процеси и била нагласена потребата од разумност за мирен трансфер на власта преку почитување на демократските принципи.

– Македонија мора да оди напред. Парламентарното мнозинство ќе ги продолжи чекорите кон избор на нов собраниски претседател и избор на новата реформска влада, според Уставот, деловникот и законите во Република Македонија – рекол Заев на средбата.

Заев и Ромео разговарале и за ризиците од пролонгирањето на деблокадата на демократските процес, а лидерот на СДСМ, во тој контекст, посочил дека покрај техничкото функционирање на министрите, од средината на мај и на градоначалниицте и на советниците во општините целосно ќе им престане мандатот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...