fbpx

Заев: До крајот на април ќе има реконструкција на Владата

-

До крајот на април се очекува да заврши реконструкцијата на Владата, најави денеска од Штип премиерот Зоран Заев. Прашан дали министерското место за правда ќе остане за кадар на ДУИ, Заев со одговор дека преговорите за тоа прашање се во тек.

– Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори со политички партии и со пратеници во самиот Парламент. Верувам дека согласно квалитетот на кадарите ќе бидат и назначени самите луѓе. Заради тоа и веднаш не излегувам со ново решение за министер за правда. Сакам да го искористам просторот на преговорите околу реконструкцијата на Владата и нејзиното зајакнување, па во целиот овој пакет ќе го пополниме и испразнетото место министер за правда, а секако ќе настапиме и со другите решенија – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...