fbpx

Заев до Бартол: Приоритет на новата реформска влада ќе биде членство во НАТО

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар, Оливер Спасовски денеска со шефот на НАТО канцеларијата во Македонија, Горазд Бартол разговараа за процесот на формирање на нов влада и потребните реформски процеси за да се отворат перспективите кон ЕУ и НАТО.

Како што се наведува во соопштението на СДСМ, Заев истакнал дека приоритет на новата реформска Влада ќе биде членството во НАТО и оти програма на новата Влада на, како што се истакнува, унитарна Македонија е посветена на економски напредок на граѓаните во Македонија.

На средбата било заеднички оценето дека е од голема важност демократскиот развој на Република Македонија и е изразено очекување дека Македонија ќе се развива по тој пат.

-Имаме парламентарно мнозинство од 67 пратеници, кое што има, не само право, туку и обврска да избере претседател на Собранието и да овозможи да се формира новата Влада, согласно мнозинската волја на околу 700.000 граѓани. Затоа очекуваме во брзо време да биде избран новиот собраниски претседател, кој ќе го извести претседателот Иванов дека е должен да го даде мандатот, а потоа ќе се пристапи и кон формирањето нова Влада, најави претседателот на СДСМ.

Честитајќи го 4 април, денот на НАТО, Заев додал дека новата Влада ќе биде силно посветена на реформите, како од НАТО агендата, за поголем буџет на одбраната, така и кон обезбедувањето правна држава, независно судство и развој на Македонија во фактор на стабилност во регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...