fbpx

Заев: Џафери бесрамно лаже, се преговараше за закон, но не за ваков

-

„Законското решение со кое се забранува објавување на „бомбите“ е катастрофа, цензура! Како што реагираа некои од граѓаните вчера, ова е непостоечко дури и во најјаките режими“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната дебата за предлог-програмата наречена „Визијата за Македонија“.

Според него, на преговорите се разговарало и за оваа материја да биде регулирана со закон, од причина што понатаму можно е некој да се обиде да ја злоупотреби приватноста на граѓаните. Но, тоа како што вели Заев, би требало да биде поврзано со законско решение за „свиркачите“, со кое се дава можност секој што има вакви материјали да ги предаде до надлежната институција.

За изјавата на поднесувачот на законот, Талат Џафери, дека Заев ветил согласност за ова решение, лидерот на СДСМ беше категоричен дека координаторот на пратеничката група на ДУИ – лаже.

– Талат Џафери во вчерашната емисија „Топ-тема“ излажа бесрамно, а вие можете да изберете неутрална страна, како амбасадорите кои беа присутни на преговорите, и да прашате која е вистината. Очекувам денеска законот да се повлече и преговорите да продолжат. До 15 октомври треба да донесеме регулатива за медиумите, а до 20 – таканаречена техничка влада. Нашите ставови се дека треба да се прочисти избирачкиот список за граѓаните да можат да му веруваат, секако, и дијаспората да гласа. Треба да се регулираат и донациите за партиите што доаѓаат од приватни и од правни лица. Исто така, донации од медиуми и од фирми блиски ним не треба да има – изјави Заев.

Тој очекува преговорите за изборната регулатива денеска да бидат завршени. Според него, причината поради која власта вчера го објави овој закон е да се избегнат важните прашања и да се купи време.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...