fbpx

Заев, Џафери, Ахмети и Груевски кај Иванов се согласиле да градат консензус

-

Синоќа, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, се сретнале со претседателот Ѓорге Иванов во неговиот кабинет.

Од претседателскиот кабинет информираат дека на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања и дека се разговарало за решенија за излез од моменталната состојба на тензичност во државата, која предизвикува загриженост кај граѓаните.

„Соговорниците се согласија дека е неопходно сите чинители во општеството да се насочат кон градење консензус за национален дијалог, во функција на помирување и нормализирање на политичките процеси, како основа за продолжување на реформските приоритети на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Средбата се реализира како резултат на претходно почнатите разговори, а од кабинетот на претседателот велат дека разговорите ќе продолжат и во иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...