fbpx

Заев денеска на вечера со Могерини и со премиерите од Западен Балкан

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и мандатар за состав на новата Влада денеска ќе престојува во работна посета на Брисел каде што ќе има билатерална средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини.

„Заев ќе биде присутен на вечерата што ја организира високата претставничка на ЕУ, Могерини во Брисел, со шест премиери на Влади од Балканот. Тема на состанокот, како што е најавено е состојбите во регионот и заеднички напредок“, информираат од СДСМ.

На неформална вечера, покрај Заев, поканети се и премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора Душко Марковиќ, на Албанија, Еди Рама, на Косово Иса Мустафа и на Босна и Херцеговина Дениз Звиздиќ.

Вчера Заев изјави дека средбата со Могерини преставува одлична можност за да се поразговара за европската перспектива на Македонија.

– Можност да објасниме колку многу ќе работиме на реформите за да им дадеме причина да се фокусираат кон целиот регион, па и кон нашата Македонија. Македонија ја чека Европската Унија, сакаме и полнoправно членство во НАТО и веруваме дека овие примарни цели на нашите граѓани ќе бидат истовремено сериозно поддржани од нашите европски партнери – изјави Заев, кој во Брисел е повикан како „определен премиер“, бидејќи има мандат да формира влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...