fbpx

Заев денеска на распит кај Зврлевски за изборни нерегуларности

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 12 часот е повикан на распит во Основното јавно обвинителство, во врска со истрагата за злоупотреба на пари во изборна кампања, пренесуваат медиумите.

Покрај Заев, според информациите во медиумите, на распит се повикани уште неколку раководни лица во партијата.

Од СДСМ потврдија дека поканата од Јавното обвинителство пристигнала вчера. Како што пренесува порталот „Нова“, од партијата потврдиле дека Заев ќе одговори на поканата и ќе дојде на распит во обвинителството.

Инаку, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера соопшти дека отворило две истражни постапки поврзани со изборни нерегуларности за време на парламентарните и на изборите за претседател на државата, одржани во април 2014 година и за предвремените парламентарни избори во декември минатата година. Осомничените, поранешни високи функционери на МВР, на локалната самоуправа и „носители на високи функции во одредена политичка партија“, се товарат дека преку нудење поткуп сакале да придобијат гласачи во две изборни единици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...