fbpx

Заев: Дали има мнозинство ќе се види на гласањето, но нема поткуп

-

Не се нудат пари на пратениците за да гласаат за уставните измени, а најдобрата опција во моментот е Собранието, а не предвремени избори, порача премиерот Зоран Заев пред новинарите денеска.

Тој рече дека дали има двотретинско мнозинство за да се направат уставните измени ќе се види дури во процедурата во парламентот, но изрази оптимизам дека може да се постигне мнозинство. Сепак, Заев негираше дека има уцени и обиди за поткуп на пратениците.

– Може да верувам дека имаме двотретинско мнозинство, а може да верувам и да немаме, но тоа ќе да се види преку дебата во комисиите, на пленарната седница во Собранието и на крај на гласањето.Јас разговарав лично со пратениците и видовме дека има прогресивна маса која е доволно сериозен мотив. Овие денови парламентот се надевам ќе има дебата. Морам да ги отстранам шекулациите за пари и незгодни состојби, ова мора да е благопријатна состојба. Секој пратеник е еднакво важен – рече Заев.

Во одговор на новинарско прашање, тој повтори дека избори ќе има само ако не се постигне договор, бидејќи нема друг начин за обезбедување на двотретинско мнозинство за носење на уставните измени кои произлегуваат од Договор со Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...