fbpx

Заев – Борисов: Градиме европска иднина, само тоа води кон квалитетен живот

-

Премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов заеднички ја чествуваа 115 – годишнината од Илинденското востание, во Благоевград, Бугарија.

Премиерите Заев и Борисов оддржаа билатерална средба пред почетокот на свеченоста, а средбата се поклопи со првата годишнина од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу двете земји во Скопје на Илинден, 2 Август минатата година.

На средбата двајцата премиери ги потврдиле заложбите за градење на заедничка иднина за граѓаните на двете земји, надминување на разликите, зајакнување на економската соработка како процеси кои ќе донесат стабилност и просперитет за целиот регион.

„Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти темели на кои што почнавме да ја градиме европската и евроатлантската иднина на нашите држави, народи и на целиот регион. Само тоа води до квалитетен живот. Република Македонија и Република Бугарија се здружија, си ги подадоа раце за да ги развиваме нашите односи“, изјави Заев.

По официјалните обраќања двајцата премиерите Заев и Борисов положија свежо цвеќе на споменикот на „Гоце Делчев“ – на централниот плоштад Македонија во Благоевград.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...