fbpx

Заев-Бејли: Договорот со Бугарија ги зајакнува напорите на Македонија за побрз влез во ЕУ

-

Премиерот Зоран Заев и американскиот амбасадорот Џес Бејли денеска ги потврдија пораките пренесени на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба одржан на почетокот на месецов во Подгорица, со кои се зацврстуваат евро-атланските перспективи на земјава, соопшти владината прес-служба.

На средбата Бејли ги реафирмирал пораките од билатералната средба на премиерот Заев со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, дека Република Македонија може да смета на поддршката на САД за членство во Северноатланската алијанса.

„Премиерот Заев и амбасадорот Бејли, дискутираа и за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка кој го потпишаа Република Македонија и Република Бугарија и оценија дека истиот претставува основа за проширување и унапредување на постојната соработка на земјите од регионот, како и тоа дека овој договор ги зајакнува напорите на Македонија за побрза интеграција во Европската Унија“, стои во соопштението и се додава дека соговорниците разговарале и за реформските активностите на новата Влада на Република во првите месеци од формирањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...