fbpx

Заев – Барнет: Кризата може да се реши со фер и демократски избори

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членката на извршниот одбор на СДСМ, Рената Дескоска, попладнево се сретнал со потпретседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Дорис Барнет.

Тема на состанокот била актуелната политичка ситуација и неопходноста од одржување на слободни и регуларни избори.

– Кризата кулминираше поради криминално спроведени и одржани избори, што се покажа дека се случувале во повеќе изборни циклуси наназад и таа може да се реши единствено на фер и демократски избори. Само регуларни избори се опција за нормализација на Македонија – истакнал Заев на средбата.

Лидерот на опозицијата нагласил дека СДСМ работи исклучиво во насока на одржување на фер избори во декември.

– Исто така, веќе подолг период се организираат средби со граѓани на кои се разговара за мерките што ќе се преземат по изборите и кои ќе бидат во насока на подигнување на животниот стандрард и на целосна демократизација на Македонија – се вели во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...