fbpx

Заев: Ако го добијам мандатот, нема да трошам 20 дена за преговори за состав на владата

-

Закажување на седница на Собранието, координација на пратениците за договор околу составот на комисијата за избори и именување, избор на претседател на законодавниот дом, допис до Иванов, негова одлука да го даде мандатот, преговори за влада и нејзин состав. Ова е редоследот на чекорите за кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува да бидат реализирани во што е можно пократок рок, откако генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, денеска до Собранието ја поднесе иницијативата за продолжување на конститутивната седница на која треба да биде избран претседател на законодавниот дом.

– Мислам дека треба да се одржи координација претходно, за да се договори составот на комисијата за избори и за именување, што е трета точка на дневниот ред за да може глатко да тече седницата. Тоа може  да се случи денеска, може в понеделник, може во вторник, но верувам оти тоа треба да биде час поскоро. Јас од тоа што го знам од медиумите е дека ако биде поднесена иницијатива со минимум 61 потписи, тоа е доволна основа да биде закажана седница за избор на претседател на Собранието и верувам дека нема да има никаков проблем – изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот „информативен разговор“ во скопското Основно јавно обвинителство.

Лидерот на СДСМ истакна оти верува дека сите страни, од претседателот Иванов до пратениците, „како сериозни и трезвени луѓе“, ќе покажат разум и ќе се разберат едни со други и дека „целата работа ќе се заврши во најскоро време“.

Тој нагласи дека доколку го добие мандатот, нема да чека 20 дена за состав на новата влада.

– Јас, верувајте, како потенцијален мандатар, нема да дозволам да се потрошат 20 дена на преговори за состав на влада. Ќе гледам, ако го добијам мандатот, да ги скратам овие рокови максимално, колку што е можно – рече Заев.

Прашан како ги коментира изјавите на лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, Заев рече дека „секогаш изразува негодување кога се работи за изјави, кои без разлика дали се обмислени или лекомислено дадени, провоцираат немир кај граѓаните“.

– Затоа апелирам до сите да внимаваат на изјавите. Во овој период добредојдени се изјави што ќе нè носат кон сплотување и нормализирање, пред сè на институциите во Македонија, за да може земјата да продолжи да чекори напред. Дополнителни провокации не ни се потребни – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...