fbpx

Заев: Ад хок телото не може да биде причина за да не се одржат изборите

-

Одржувањето на изборите во декември не е доведено во прашање поради проблемите со изборот на петтиот член на ад хок телото за регулација на медиумите, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање при посетата на Матка за празникот Пресвета Богородица.

– Не треба да дозволиме поради една ваква мала причина да се одложат ставовите за заклучоците за исполнување на условите, во согласност со кои ќе биде фиксиран датумот за избори. Јас верувам дека на 31 август ќе објавиме ние, претседателите на поголемите партии, дека 11 декември ќе биде датумот на изборите. Мој личен став е дека ова ад хок тело не може да биде причина за да не се одржат изборите. Се надевам дека и овој услов, како што е прочистувањето на избирачкиот список, ќе биде исполнет и на 31 август ќе ги кажеме нашите ставови како една од четирите страни што треба да објават датум за одржување избори – вели Заев.

Претседателот на СДСМ смета дека политичките партии не треба да се вклучат во изборот на петтиот член и апелираше до четирите члена да го изберат петтиот член на почетокот на идната седмица.

– Аман од политичките партии! Преку глава им е на граѓаните. Овие четири луѓе, коишто работат таму, предложени како експерти, треба пополека да ги стабилизираат мислите, да се насочат и да го изберат петтиот член. Како еден од претседателите на поголемите партии, апелирам до четрите члена уште на почетокот на идната седмица да го изберат петтиот член, ако не заради нешто друго, заради Македонија – додаде Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...